Фановите на НБА во шок: Ламело Бол ја скрши раката, супер талентот ја заврши сезоната!

Лоши вести пристигнаа за сите фанови на НБА-лигата. Младиот „експлозивен“ плејмејкер на Шарлот хорнетс, Ламело Бол, (19 години, 201 сантиметар) ја скрши раката и ќе мора да паузира до јуни!

Главниот фаворит за наградата „руки на годината“ го скрши десниот зглоб во првиот дел од играта против Клиперс во саботата. Иако повреден, тој се врати на теренот по полувремето и го заврши натпреварот не знаејќи дека се здобил со фрактура, без оглед на тоа што очигледно имал болка.

За жал, според пишувањето на „ЕСПН“, таквата повреда сигурно повлекува неколкумесечно отсуство, па Шарлот Хорнетс ќе ја заврши сезоната без одличниот плејмејкер.

Во моментов, Шарлот е осми на табелата во Источната конференција, со резултат 20-21. Бол е многу заслужен за оваа позиција на тимот на Џејмс Борег, бидејќи во просек постигнува по 15,9 поени по натпревар, со 5,9 скока и 6,1 асистенција. Само Гордон Хејворд и Тери Розиер се поефикасни во тимот од него, со 20 поени по натпревар.

Се вчитува...