Фановите на Реал ги сакаат Мбапе и Халанд, а на крајот ќе завршат со …

Иако веќе две години се зборува за тоа дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд еден ден ќе заиграат за Реал Мадрид, сепак на крајот Флорентино Перез ќе мора да се задоволи со играчи кои се во моментов далеку од квалитетот на овој двоец.

Како што пренесуваат шпанските медиуми „кралевите“ на лето тргнуваат по потписот на првата ѕвезда на Јувентус, Душан Влаховиќ, како и на бразилскиот репрезентативец во редовите на Тотенхем, Ришарлисон.

Додека Влаховиќ и сезонава бележи солидни партии во дресот на „старата дама“, Ришарлисон не ги оправда очекувањата на навивачите на лондонскиот клуб.

Се вчитува...