Фановите во шок: Леброн си оди од Лејкерс?

Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс Леброн Џејмс, во следните денови би можел да го напушти тимот.

Како што пренесува американскиот новинар Дејвид Пингалор, Леброн се наоѓа на листата на играчи кои следните денови би можеле да ја сменат средината.

Наводно „кралот“ е играч кој првиот човек на Лејкерс, Роб Пелинка сака да го трејдува, за да почне создавањето на „нови Лејкерси“.

Со оглед дека на Леброн договорот му истекува идната сезона, ова е последна шанса нешто да зарботи на него. Пелинка во минатото секогаш погодуваше каде ќе оди Леброн, и затоа оваа информација се сфаќа сериозно, а донесе и шок кај навивачите на Лејкерс, кои сигурно не очекуваа ваква разврска.

Рокот за трејдови е до 8. февруари.

Се вчитува...