Фантастичен јубилеј на Цеск Фабрегас

Монако триумфираше со 2-1 на дуелот против Нант, на кој Цеск Фабрегас славеше фантастичен јубилеј – играјќи го својот 800. професионален натпревар во кариерата.

Шпанскиот плејмејкер има само 33 години, а веќе стигна до „котата 800“, најмногу поради фактот дека професионалната кариера ја почна уште на 16-годишна возраст во Арсенал, кога Арсен Венгер ги препозна неговите квалитети и го прекомандува во првата екипа.

Откако стана најмлад капитен во историјата на Арсенал, Фабрегас во 2011 година се врати во Барселона, по што играше и за Челси, пред да реши да замине во Монако. Во својата кариера покрај бројните клупски титули Фабрегас има и трофеи за светски и европски првак со Шпанија.

Се вчитува...