Фантастичен меч на Болоња и Интер за одјавување на Серија А

Болоња и Интер одиграа феноменален натпревар кој заврши без победник, 3-3, во последното коло од Серија А.

На дуелот на „Ренато Дал’Ара“, Интер прв поведе со голот на Федерико Димарко, но Болоња дојде до пресврт со головите на Федерико Бернардески и Томазо Побега.

Франческо Пио Еспозито во вториот дел стрелаше за израмнување на Интер, но со автоголот на Зеленски повторно Болоња поведе со 3-2, а во самиот финиш Енди Диуф погоди за конечни 3-3.

Интер од претходно ја обезбеди шампионската титула.

Се вчитува...