Фантастичниот Димитријевиќ по продолженијата ја сруши ЦСКА на Рајковиќ!

Ненад Димитријевиќ беше подобар во пресметката со тренерот Емил Рајковиќ во рускиот шампионат. Уникс успеа дури по продолженијата да го совлада тимот на ЦСКА. Во регуларниот дел беше 92-92, откако Уникс постигна поен, но со една секунда задоцнување.

Во продолженијата Димитријевиќ и неговите соиграчи со посилни „нерви“ за конечни 112-104. Токму Димитријевиќ ја круниса победата и ги постигна последните поени на мечот.

Димитријевиќ беше еден од најзаслужните за победата со 24 поени најефикасен во својот тим. Кај ЦСКА Вер постигна 27, а Милутинов 25.

И покрај поразот, ЦСКА и натаму остана на првото место во разигрувањето во плеј-офот, но сега Уникс му „диши“ во врат на тимот од Москва.

Се вчитува...