Фантастично: Арсенал испиша историја на англискиот фудбал

Арсенал продолжи со сигурните изданија откако „топчиите“ славеа со 2-0 над Брајтон во англискиот лига-куп, заокружувајќи го неверојатниот месец октомври како најдобар во историјата што го имала една премиерлигашка екипа.

Имено, Арсенал со синоќешниот триумф стана првиот тим што во еден календарски месец забележал шест победи, без притоа да прими ниту еден единствен погодок. Избраниците на Артета славеа над Вест Хем со 2-0, во Премиер-лигата беа совладани и Фулам и Палас со по 1-0, додека во ЛШ без примен гол беа совладани Олимпијакос (2-0) и Атлетико Мадрид (4-0), за фантастичниот месец да биде заокружен со победата над Брајтон во лига-купот на Англија.

Станува се појасно зошто Арсенал важи за главен фаворит за титулата во Премиер-лигата, а доколку продолжат со вакви дефанзивни изданија „топчиите“ ќе бидат се поблиску до овој голем трофеј.

Се вчитува...