Фарук Хаџибегиќ на клупата на Црна Гора

Босанскиот стратег Фарук Хаџибегиќ се очекува наредниот период и официјално да биде промовиран на клупата на репрезентацијата на Црна Гора.

Хаџибегиќ пред само два месеци се раздели со францускиот Ред стар, се поврзуваше во меѓувреме со селекцијата на Габон, но се чини дека е на добар пат да биде нов селектор на Црна Гора.

„На Црна Гора и треба докажан тренер кој нема и јазична бариера. Хаџибегиќ е еден од најсериозните кандидати за нов селектор, но ќе видиме што ќе се случи“ – вели претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ.

Црна Гора е во потрага по нов селектор откако Љубиша Тумбаковиќ одби да ја води селекцијата на дуелот против Косово, а потоа беше разрешен од должноста.

Се вчитува...