Фасоне: Гатузо нема да биде само ’пожарникар’

Џенаро Гатузо ја доби довербата на раководството на Милан да го предводи тимот на „росонерите“ по разделбата со Винченцо Монтела. Незадоволни од резултатите на клубот, челниците одлучија да му дадат отказ на Монтела, а Гатузо ќе биде прв кормилар до крајот на сезоната.

Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне, вели дека Гатузо нема да биде задолжен само да го угасне пожарот на „Сан Сиро“, туку ќе добие вистинска шанса да го препороди составот во кој летово се вложени навистина многу пари.

„Гатузо добива комплетна доверба од раководството на клубот. Тој нема да биде само ’пожарникар’, туку ќе работи до крајот на сезоната и веруваме дека може да донесе нов победнички дух. Тој секако знае што е потребно за да им го всади победничкиот менталитет и на фудбалерите“, изјави Фасоне.

Се вчитува...