Фати ќе паузира четири месеци, Барса има план за замена

Ансу Фати ќе паузира четири месеци од фудбалските терени по повредата што младиот ас на Барселона ја заработи на саботниот дуел со Бетис. Каталонскиот гигант веднаш по мечот обелодени дека станува збор за кинсење на лигаментите во пределот на менискусот, не наведувајќи ја должината на паузата. Сепак, при подготовките за хируршки зафат врз крилниот офанзивец беа откриени нови детали, дека повредата не е нималку наивна и дека Фати на терените би можел да се врати најрано во март 2021 година.

Младиот голгетер беше еден од најстандардните во тимот на Роналд Куман од стартот на сезонава, па холандскиот стратег ќе мора да најде начин да го замени Фати барем до крајот на годинава. Потоа, за почетокот на 2021 година Барса веќе има план да го замени овој фудбалер – со Мемфис Депај.

Холанѓанецот беше поврзуван со Барселона и во текот на летово, но каталонскиот гигант не се договори со Лион околу висината на отштетата. Договорот на Депај со Лион истекува во јуни 2021 година, па се очекува одличниот напаѓач да биде достапен за „само“ 15 милиони евра, сума што Барса може да си ја дозволи за да го реши големиот проблем што се создаде со повредата на Фати.

Се вчитува...