Директорот на ФБИ, Кеш Пател, објави дека неговата агенција успешно спречила терористички напад кој, според него, бил планиран врз Белата куќа за време на ММА шоуто „UFC Freedom 250“ на 14 јуни.
На тој настан присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој тој ден го прослави својот 80. роденден, а наведено е дека во координираната акција биле уапсени пет лица, како и дека има 23 осомничени.
Пател тврди дека на 10 јуни агентите дознале за заканата од крвопролевање, што довело до истрага во која биле вклучени ФБИ и Министерството за правда во неколку сојузни држави. Министерството за правда подоцна објави фотографии од беспилотни летала и автоматско оружје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
