ФЕД-Куп: Пораз од Литванија во третиот меч

Македонската женска репрезентација по претходните пораз од Ерменија и победа против Исланд, во двете стартни кола на турнирот од Третата зона во Гамарт, Тунис, денеска загуби од Литванија во третиот меч.

Македонските девојки загубија од Литванките откако беа поразени во двата меча во поединечна конкуренција.

Катарина Маринковиќ со 0-6,1-6 загуби од Јоана Еидуконите, додека Марија Еленова од Паулина Бакаите со 5-7,4-6.

Се вчитува...