Федерер: Ако немаш мотив за Вимблдон, тоа ти е крај!

Пред стартот на гранслем турнирот на Вимблдон, Роџер Федерер, јасно стави до знаење дека во Лондон оди по нов трофеј. Швајцарецот ја брани титулата на најпрестижниот тениски турнир во светот на кој досега осум пати го подигнал победничкиот пехар.

Иако наскоро ќе наполни 37 години, а во кариерата освои се што може да се замисли, на Федерер никогаш не му недостасува мотивација.

„Не ми треба никаква посебна мотивација. Подготвен сум да тргна, не моѓам да дочекам да почне Вимблдон. Ако ми е потребна мотивација за Вимблдон, тогаш дефинитивно, имам проблем. Тогаш, веројатно, е крај. Но, јас сум многу возбуден, работев напорно три месеци за да се подготвам за турнирот и со нетрпение чекам да почне. Вимблдон секогаш ми е највисока цел. За тоа размислувам и во краткиот периоз на пауза меѓу сезоните“ – вели швајцарскиот тенисер.

Гранслем турнирот на Вимблдон стартува во понеделник. Роџер Федерер е прв носител на турнирот и на стартот ќе игра против српскиот тенисер Душан Лајовиќ.

Се вчитува...