Федерер: Чилиќ ме растури на УС Опен, ќе биде сега супер финале!

Во финалето на Вимблдон ќе се соочат најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ и еден од најголемите на сите времиња Роџер Федерер.

Чилиќ е еден од тенисерите кои може да се пофалат со победа против Швајцарецот, единствена досега во досегашните седум пресметки со Федерер која ја имаше во финалето на УС Опен во 2014 година…

„Ме растури тогаш на УС Опен. Се надевам дека утре нема да биде така, но сигурно очекувам едно супер финале. Марин е навистина одлично момче и феноменален тенисер. Се познаваме долго и среќен сум што токму со него ќе го играм ова големо финале. Заслужи да биде во финалето“ – истакна 35-годишниот Швајцарец, притоа дополнувајќи:

„Привилегиран сум. Ова многу ми значи, повторно да може да излезам на централниот терен… Имав тешка година, морав да бидам смирен и да донесам добра одлука. Чекав малку подолго, но успеав, и среќен сум поради тоа“.

Се вчитува...