Федерер: Два месеци се движам со помош на патерици, но не планирам пензионирање!

По подолга пауза, Роџер Федерер конечно се огласи и најави враќање на теренот кон крајот на летото или почетокот на есента.

Легендарниот тенисер изјави дека се бори со своето тело, но нема намера за пензионирање. Роџер потенцираше дека добро се опоравува, иако неколку месеци не можел да се движи без патерици.

„Влегувам во фаза во која можам да почнам да размислувам за враќање. Имав многу добра магнетна резонанца пред неколку недели и тоа ми влева оптимизам. Ќе си дадам повеќе време, до крајот на летото, почетокот на есента, а потоа сакам да се вратам. Сега сум многу подобар, два месеци се движев со помош на патерици, но не планирам да заминам во пензија, изјави Федерер.

Швајцарецот освои 20 грен слем титули во кариерата, а на првото место на АТП-листата помина 310 недели.

Се вчитува...