Федерер и Нишикори во четвртфиналето

Швајцарскиот ас Роџер Федерер и Јапонецот Кеи Нишикори обезбедија пласман во четвртфиналето на грен-слем турнирот Вимблдон. Федерер му дозволи само пет гема на Италијанецот Матео Беретини, кој е 17.носител. Првиот сет го доби со убедливи 6-1 во гемови, а потоа му препушти по два гема во следните два сета.

Кеи Нишикори славеше со 3-1 во сетови против казахстанскиот тенисер Михаил Кукушкин. Јапонецот го доби првиот сет со 6-3, а Кукушкин возврати идентично во вториот. Но, потоа Нишикори ја презеде контролата и го заокружи мечот со 6-3 и 6-4 во следните два сета.

Се вчитува...