Федерер ја најави својата пензија?

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не ја исклучува можноста да ја заврши професионалната тениска кариера. Швајцарецот последниот официјален натпревар го одигра минатата сезона на Вимблдон, а веќе една година нема одиграно ниту еден меч.

Тој во понеделникот беше избришан од АТП листата и во моментов нема никаков ранкинг.

„Сакам да се натпреварувам, но ако не можете веќе да се натпреварувате тогаш е подобро да престанете. Не мислам дека тенисот ми е потребен. Има многу работи кои во моментов ме прават среќен. Беше чудно да го глеам Вимблдон на телевизија за првпат од 1998 година. Знам дека професионалната кариера на тенисер не може да трае вечно“, изјави Федерер. 

Тој годинава ќе настапи на „Лејвер купот“, а голема е шансата неговиот настап на турнирот во родниот Базел да биде последен во кариерата на еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Се вчитува...