Федерер ќе биде коментатор на Вимблдон

Роџер Федерер би можел да се врати на Вимблдон веќе следната година, во улога на коментатор. Како што пренесува британски „Телеграф“, преговорите се во напредна фаза за Федерер да се приклучи на тимот на Би-Би-Си, кој сака да ја подигне покриеноста на Вимблдон на уште повисоко ниво оваа година.

За таа цел ќе биде претставено ново студио, а потенцијалното присуство на осумкратниот шампион би било големо освежување. За време на „Лејвер купот“, Швајцарецот посочи дека ќе биде отворен за повремени коментари во иднина, а можеби ќе биде споделен од Би-Би-Си и ЕСПН на претстојниот Вимблдон.

Според информациите, Федерер не би бил постојано вклучен, но еден ден би коментирал натпревар за една мрежа, а следниот ден би бил во улога на стручен консултант на специјални емисии за друга мрежа.

Така, БиБиСи и ЕСПН заедно би покривале веројатно големи трошоци. Вимблдон оваа година започнува на 3 јули.

Се вчитува...