Федерер ќе го отвори Вимблдон против Лајовиќ, Надал и Ѓоковиќ се чекаат во полуфинале

Бранителот на титулата на Вимблдон, Роџер Федерер, новото издание на гранслем – турнирот во Лондон ќе го почне со дуелот против српскиот тенисер Душан Лајовиќ. Тој има отворен пат до полуфиналето во својот дел од костурот, за разлика од Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои ќе треба меѓусебно вкрстат во евентуално полуфинале. По подолг период и Енди Мареј се враќа на тениските терени, и тоа со меч против Французинот Беноа Пер.

Надал на стартот ќе игра против Израелецот Дуди Села, додека Новак Ѓоковиќ ќе отвори против американскиот тенисер Тенис Сандгрен.

Кај дамите, првата носителка Симона Халеп ќе игра против Куруми Нара, бранителката на титулата Гарбине Мугуруза ќе се сретне со Наоми Броди, додека Серена Вилијамс ќе го почне гранслем – турнирот против Аранча Рус.

Се вчитува...