Федерер: Ми значат рекордите, но не ми се најважни на светот

Роџер Федерер се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри на Вимблдон совладувајќи го Лука Пуј, со што стана тенисер со најмногу одиграни натпревари на Гран-слемите. Тој вели дека го интересираат рекордите и сака кариерата да ја заврши со што може повеќе вакви достигнувања.

„Не можам да лажам. Да, ми значат рекордите. Не е дека ми се најважни на светот, но ми значат. Исто така сум свесен дека во овие 100 години откако постојат гран-слемите многу тенисери не биле во можност да играат на сите“, изјави Федерер по одигрувањето на рекордниот 350. меч на Гран-слемите.

Во осминафиналето Федерер ќе игра со италијанскиот тенисер Матео Беретини.

Се вчитува...