Федерер на еден чекор до враќање на врвот на АТП-листата

Роџер Федерер се наоѓа на само еден чекор до враќање на врвот на АТП-листата, откако швајцарскиот великан се пласираше во полуфиналето од турнирот во Штутгарт со победата од 6-4, 6-4 над Гвидо Пелја од Аргентина. Пласман во финалето му е доволен на Федерер за повторно да го мине Надал и да се искачи на првото место во светскиот тенис, што му беше доволна инспирација на големиот ас да одговори на предизвикот и со одлична игра да стигне до рутинска победа.

Откако направи брејк кон средината на првиот сет, Федерер рутински го доби со 6-4, за потоа при првиот гејм од вториот сет да направи нов брејк. Пелја првите можности за брејк ги имаше при 15-40 во последниот гејм од мечот, но Федерер

Тој за ривал во полуфиналето ќе го има подобриот од мечот Киргиос – Лопез. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Раониќ и Пуиј.

Се вчитува...