Федерер на пат кон десеттата титула во Базел

Роџер Федерер ќе игра за десеттата титула на турнирот во родниот Базел откако забележа експресна полуфинална победа на Стефанос  Циципас во два сета со идентични 6-4 за само еден час и 18 минути. Федерер го одигра 16-то полуфинале на овој турнир, а трофејот го освојуваше четири пати во последните пет години.

Во битката за титулата, Федерер ќе се соочи со младиот Австралиец, Алекс де Минаур кој пак во полуфиналето со 2-1 во сетови го победи Рејли Опелка и тоа по три сета во тај-брејк.

Ако го победи утре Де Минаур, Федерер ќе дојде до четвртата титула годинава. Претходно ги освои трофеите на турнирите во Хале, во Мајами и во Дубаи.

Се вчитува...