Федерер не се откажува: Не сум надигран, турнирот е на почеток

Роџер Федерер не смее да си дозволи пораз во понатамошниот тек од АТП финалето во Лондон ако сака да обезбеди пласман во полуфиналето. Тој во Мастерсот влезе со пораз од Доминк Тим и сега ќе мора да ги добие мечевите против Матео Беретини утре и против Новак Ѓоковиќ во последното коло од групата „Бјорн Борг“.

„Не смеам да си дозволам пораз во продолжение на турнирот. За мене турнирот доправа почнува. Следниот меч ми е против Матео. Нема лесен противник на овој турнир. Тој не одигра најдобро против Ѓоковиќ. Секако затоа што е најтешко да се почне турнир во сала против Новак затоа што во такви услови тој е на исклучително ниво“ – вели третиот тенисер во светот.

Роџер Федерер е рекордер според бројот на титули на завршниот турнир на осумте најдобри тенисери во годината. Има шест, еден трофеј помалку има Новак Ѓоковиќ. Од големата тројка, Рафаел Надал е без титула од АТП финалето.

 

Се вчитува...