Федерер официјално се откажа од Ролан Гарос

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, дефинитивно нема да игра на овогодинешниот Ролан Гарос. Ова се знаеше и претходно, но сега и официјално е потврдено. Швајцарецот и натаму се лекува од повредата, и нема да биде дел од турнирот во Париз.

Федерер минатата година играше на Ролан Гарос, каде мина три кола и го предаде четвртиот меч на Беретини без борба. Има една титула во Париз 2009 година. Во моментов Швајцарецот е 43. тенисер на светот.

Од истиот турнир се повлече и Кеи Нишикори. Наместо нив двајца, ќе играат Питер Гојовчик и Атила Балаж.

Се вчитува...