Федерер поставува рекорди и кога не игра

Роџер Федерер е тениски величина, па Швајцарецот поставува нови рекорди во својот спорт и кога не настапува на турнирите. Тој втора година по ред реши воопшто да не настапува на турнирите на земјена подлога, но тоа не му пречеше да постави нов рекорд со пласманот на второто место на најновата АТП-листа.

Имено, Федерер стана прв тенисер во историјата што цели 700 седмици се наоѓа меѓу првите четири тенисери во светот. Станува збор за период подолг од 13 години, од кои Федерер повеќе од 11 беше Топ 2, а речиси десет години меѓу првите двајца тенисери во светот.

Тој неодамна беше симнат од врвот од Рафаел Надал, а досега во кариерата има 308 седмици како прворангиран светски тенисер, уште една категорија во која е апсолутен рекордер. Само за споредба, Новак Ѓоковиќ се наоѓаше на врвот 308 седмици, додека Рафаел Надал моментно ја минува 170. седмица како

Се вчитува...