Федерер повторно прв, Ѓоковиќ тоне на АТП-листата

Роџер Федерер речиси два месеци е на „одмор“ од тениските турнир, но Швајцарецот сепак успеа да се врати на врвот на АТП-листата. Главен „виновник“ за тоа е Доминик Тим, кој во четвртфиналето го елиминираше Рафаел Надал од турнирот во Мадрид, со што Шпанецот загуби значајни бодови и падна на втората позиција.

Зад Надал се наоѓа Алекс Зверев, по кого следат Димитров, Чилиќ, Дел Потро, Андерсон, Тим, Иснер и Гофан.

На најновата АТП-листа продолжува и падот на Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа на 18. место, за шест позиции послаб рејтинг во однос на минатата седмица.

Се вчитува...