Федерер: Се сеќавам на дрвените рекети, сакав само да бидам во топ 100

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер се потсети на почетоците на кариерата кои ги направил во неговиот роден Базел.

„Првите сеќавања ми се од времето кога игравме со дрвени рекети во тенискиот клуб кој и понатаму постои. Се сеќавам и на белите топчиња. Не знам колку тенисери од оваа генерација може да кажат дека се игра со бели топчиња. Тренирав по два часа и собирав сликички од тенисерите, трофеите и турнирите. Одев со трамвај на тренинзи, а ако беше ладно родителите ме носеа со автомобил. Се е нереално. Цел ми беше да бидам во топ 100 и ако имам среќа да играм на централните терени на големите турнири“, изјави Федерер. 

Тој во моментов се наоѓа во Базел каде што се одржува турнирот од АТП 500 серијата. Досега во кариерата турнирот во родниот град Федерер го освојуваше девет пати.

Се вчитува...