Федерер си зеде одмор по напорното финале на Вимблдон

Серијата напорни мечеви на Вимблдон остави трага, па Роџер Федерер реши да си земе краток одмор по завршувањето на британскиот гранслем турнир во кој во драматично финале загуби од Новак Ѓоковиќ. Федерер обелодени дека нема да настапува на претстојниот Мастерс-турнир во Монтреал, но потоа ќе биде дел од турнирот во Синсинати како генерална проба за УС Опен.

„По консултациите со мојот тим решивме да си дадам малку време. Нема да играм во Монтреал, малку ќе одморам, па ќе почнам со подготовки за Синсинати“ – објави Федерер.

Турнирот во Монтреал ќе се одржи од 3 до 11 август. Федерер двапати има триумфирано на овој турнир, а при последниот настап, во 2017 година, во финалето загуби од Александар Зверев.

Се вчитува...