Федерер тргна фуриозно на Вимблдон, Стивенс се посрамоти

Роџер Федерер тргна фуриозно во одбрана на титулата на Вимблдон, лесно и убедливо славејќи на дуелот со Душан Лајовиќ со 3-0 во сетови. Српскиот тенисер имаше почетни 1-0 во првиот сет, за потоа Федерер да освои шест гејма во низа и да покаже кој е кој на овој дуел. Отпорот на Лајовиќ беше скршен, па Швајцарецот со рани брејкови во вториот и третиот сет стигна до конечни 6-1 6-3, 6-4. Следен противник на Федерер ќе биде подобриот од мечот Лацко – Бонзи.

Импресивен старт имаше и Марин Чилиќ, кој славеше со максимални 3-0 во сетови над Јапонецот Нишиока, потврдувајќи ја одличната форма по освоената титула во Квинс.

Големо разочарување на женскиот дел од турнирот доживеа Американката Слоун Стивенс, која по поразот во финалето од Ролан Гарос пред два месеци денеска беше декласирана на стартот на Вимблдон од Дона Векиќ со преубедливи 6-1, 6-1. Каролина Плишкова се соочи со проблеми, но сепак победи со 2-1 во сетови против Дарт, додека нејзината сестра Кристина беше поразена од Романката Далгеру.

Се вчитува...