Федерер за прв пат во кариерата го освои Штутгарт

Роџер Федерер стигна до својата 98. титула во кариерата, прва на турнирот во Штутгарт откако денеска во големото финале беше подобар од Милош Раониќ, совладувајќи го канадскиот тенисер со 2-0 во сетови. Откако со самиот пласман во финалето го обезбеди враќањето на врвот на АТП-листата, Федерер без дополнителен притисок влезе во ова финале, одигра одличен меч и заслужено стигна до победата.

Пресуден се покажа брејкот на самиот почеток од првиот сет, кога Федерер поведе со 3-1. Раониќ во следниот гејм не скористи две брејк-топки при 15-40, по што Швајцарецот рутински го доби сетот со 6-4. Вториот беше решен во тајбрејк, во кој Федерер доминираше и заслужено славеше со 7-3

За Швајцарецот ова е 18. титула на тревната подлога, по деветте во Хале и осумте освоени на Вимблдон.

Се вчитува...