Поранешниот холандски репрезентативец Џовани ван Бронкхорст е изборот на Феенорд за нов тренер на оваа екипа, откако клубот од Ротердам пред петнаесетина дена се раздели од Робин ван Перси.
Ван Бронкхорст како играч настапуваше за Феенорд од 1993 до 1998 година и потоа од 2007 до 2010 година, освојувајќи го националниот куп во сезоната 2007/08.
Тој потоа беше тренер на оваа екипа од 2015 до 2019 година, стигнувајќи до титулата во 2017 и освојувајќи уште два куп-трофеи.
Вна Бронкхорст ја мина ланската сезона во Ливерпул како дел од стручниот штаб на Арне Слот, а по отказот на Холанѓанецот стана јасно дека и тој мора да почне да се пакува. Ван Бронкхорст имаше на маса неколку понуди, за на крајот да ја прифати онаа на „својот“ Фееенорд и да потпише двогодишен договор со поранешниот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
