Фелипе: Не чека тежок меч со Работнички, но верувам во победа

Во рамките од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига Вардар в недела од 15 часот на „Телеком арената“ како домаќин го игра дербито против Работнички.

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе верува дека „црвено-црните“ може да одиграат квалитетен натпревар и да дојдат до победата.

„Не очекува еден тежок натпревар, поинаков од претходните со оглед дека ова е дерби меч. Нашиот противник има добра екипа со неколку играчи кои што се репрезентативци. Но, ние можеме да ветиме дека ќе се бориме да ги освоиме трите бодови, и тоа е нашата примарна цел како што е на секој натпревар. Верувам дека јас и моите соиграчи ќе дадеме се од себе да го добиеме и овој меч, да ја продолжиме победничката серија во овој пролетен дел, и нормално да ја задржиме разликата од конкурентите на табелата. Верувам дека имаме квалитет да стигнеме до триумф и тоа треба да го покажеме на теренот во недела“ – вели Фелипе.

Се вчитува...