Фелипе: Посакувам уште многу трофеи со Вардар

Бразилецот Хуан Фелипе потпиша нов договор со Вардар до 2020 година, и ќе го носи „црвено-црниот“ дрес уште три сезони. Тој порача дека посакува уште многу титули со најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

„Среќен сум што ќе имам можност да бидам дел од Вардар и во следните три години. Благодарност до раководството, до стручниот штаб за укажаната доверба. Благодарност и до моите соиграчи од Вардар кои на некој начин имаат придонес во сево ова. Јас можам да ветам дека на секој натпревар ќе давам се од себе Вардар да победува, да освојува нови титули, да има успеси на сите полиња. Како во домашниот шампионат, така и на меѓународна сцена. Тоа е целта на овој клуб, секоја сезона да оди на двојна круна и да има успешни настапи во Европа и јас се надевам дека ќе успееме да ги оствариме сите заедно“, истакнува Фелипе.

Бразилскиот интернационалец вели дека сите во Вардар имаа една голема желба, клубот да биде дел од ЛШ.

„Секако дека играњето во групната фаза од Лигата на шампиони е моја желба и желба на сите кои се во клубот. Ние ќе сториме се што е во наша можност да му го овозможиме тоа. Вардар има големи амбиции. Сепак, најпрво оваа сезона повторно да ја освоиме титулата и да се обидеме да влеземе во финалето на Купот. Среќен сум во овие две години што го нодам дресот на оваа екипа и уште посреќен што ќе бидам дел од Вардар и во следните три сезони. Сакам да се запишам во историјата на Вардар со успешни настапи и титули како и повторно ќе кажам успешни настапи во Европа”, изјави бразилскиот интернационалец Фелипе за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...