Фелипе: Против Малме нема да смееме да промашуваме како против Матерсбург

Бразилецот Хуан Фелипе против Матерсбург го одигра својот прв тест дуел за Вардар ова лето, по приклучувањето на подготовките во редовите на македонскиот шампион.

„Вардарци“ на дуелот против Австријците создаваа шанса но изостана реализацијата. Сето тоа, според Фелипе, и тоа како мора да се поправи доколку се сака успех во пресметките со шведскиот Малме во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Не бевме на нивото во првите триесетина минути од натпреварот. Во финишот од првиот дел, и во второто полувреме игравме далеку подобро. Меѓутоа потоа примивме еден, така да кажам, случаен гол. После тоа имавме барем 5-6 шанси да постигнеме гол. Не ги искористивме нашите прилики, и на крајот сме поразени. Мислам дека не заслуживме пораз, но треба во иднина да ги користиме овие шанси кои што ни се укажуваат. Мораме добро да се подготвиме за предизвиците во Лигата на шампионите против Малме, и секоја шанса која што ќе ни се пружи на тие натпревари, да ја користиме. Таму може да имаме 2-3 прилики кои што ќе мора да бидат претворени во гол. Остануваат уште неколку дена од подготовките, уште еден контролен меч на кој што се надевам дека ќе успееме да победиме и во добра атмосфера да се фокусираме кон предизвиците во Лигата на шампионите“ – вели Фелипе за официјалната интернет страница на клубот.

Според програмата на стручниот штаб, фудбалерите на Вардар денеска ги очекува уште попладневниот тренинг ов 17:30 часот.

Се вчитува...