Фелпс ја загуби епската трка – од бела ајкула (видео)

Се случи и тоа – Мајкл Фелпс загуби пливачка трка. Американецот важеше за непобедлив на натпреварувањата против други пливачи, но синоќа ја загуби трката со бела ајкула, организирана од ТВ-каналот Дискавери.

Од видеото е очигледно дека трката била неизвесна до самиот крај, но сепак ајкулата побрзо стигна до целта од најтрофејниот светски олимпиец.

Погледнете како изгледаше оваа трка меѓу „големиот златен олимпиец“ и „големата бела ајкула“.

Се вчитува...