Феми Олуџоби го „скрши“ Куманово и стана „светец“ во Аеродром (ВИДЕО)

Четвртфиналната „мајсторка“ помеѓу МЗТ Скопје и Куманово ни приреди фантастичен натпревар во „Јане Сандански“ каде по 45. минути игра на победа од 94-90 и пласман во полуфиналето се радуваа домаќинитe, a симпатиите ги земаа гостите.

Избраниците на Дарко Радуловиќ беа на работ на амбисот која на две минути и 45 секунди до крајот на мечот имаа негатива од 71-81, не можеа да сметаат на услугите на Николов и Мекиќ кои добија исклучувачки лични грешки, како и Магдевски кој ја заработи петата лична грешка, но во своите редови го имаа одличниот Феми Олуџоби.

Американецот во големиот дел од сезоната е „меч со две острици“ за „сино-белите“, но овој пат беше прогласен за „светец“ во Аеродром откако го предводеше својот тим до фантастичен камбек со седум поени во последните минути од средбата, а потоа постигна и десет поени во продолжението со што ги отпиша кумановци.

Се вчитува...