Фенербахче губеше од кого стигне, но на чело со феноменалниот Де Коло ја освои Атина

По четири едноподруго победи, кошаркарите на Фенербахче конечно стигнаа до триумф во Евролигата. Турскиот тим во 17. коло од најсилната европска кошаркарска лига славеа на гостувањето против Олимпијакос во Атина со 87-96.

Пресудна за триумфот на Фенербахче беше втората четвртина која, по израмнетиот прв период, Турците ја добија со 20-30, за да на полувремето заминат со 12 поени предност (40-52).

Во второто полувреме, главно низ израмнет дуел, Фенербахче ја одржуваше предноста. Домашните кошаркари се обидоа во финишот да дојдат до пресврт но неуспешно.

Најефикасен во победничкиот состав беше Нандо Де Коло кој постигна 32 поени, додека кај Олимпијакос се издвоија Спанулис и Принтезис со по 14 поени.

Црвена Звезда славеше убедливо со 93-63 против Баерн Минхен во Белград, додека Жалгирис славеше со 73-68 на домашен терен против Макаби Тел Авив.

Се вчитува...