Фенербахче без милост за Жалгирис, Ефес лесно против Химки

Кошаркарите на Фенербахче продолжуваат со тоталната доминација во Евролигата триумфирајќи и во 18. коло, овој пат со 78-61 против литвански Жалгирис.

По претходниот пораз на гостувањето од Химки, овој пат составот на Жељко Обрадовиќ убедливо победи благодарение пред се на Слоукас и Мелих кои постигнаа по 14 поени.

И вториот турски тим, Ефес стигна до лесна победа против Химки од 81-72. Ефес со денешната победа се проби меѓу најдобрите четири екипи на табелата во најквалитетното европско клупсно кошаркарско натпреварување.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...