Фенербахче го декласираше Панатинаикос: Турците цврсто го чуваат врвот во Евролигата

Фенербахче славеше убедлива победа против Панатинаикос од 85-66 во 22. коло од Евролигата, по која турскиот тим е на врвот од табелата со две победи плус во однос на ЦСКА Москва и Реал Мадрид.

Тимот на Жељко Обрадовиќ победата ја најави уште по првото полувреме од мечот кое го доби со 19 поени разлика. Се понатаму беше само рутинско одржување на предноста за конечна победа.

До триумфот Фенербахче го предводеа Николо Мели со 14 поени, седум скока и четири асистенции а по 12 поени запишаа Гудуриќ, Датоме и Грин. Во поразениот тим се издвои Килпатрик со 19 поени и три скока.

Се вчитува...