Фенербахче го доби трилерот со АСВЕЛ, нов триумф на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче стигаа до 17 победа оваа сезона откако славеа на гостинки терен против АСВЕЛ со 86-90 во неизвесна завршница. Нандо Де Коло беше предводник на турскиот состав со 24 поени и 6 асистенции, додека на спротивната страна Дејвид Лајти додаде 15 поени.

На победа се радуваше и Барселона која го доби шпанскиот дуел против Басконија со 71-57. Никола Миротиќ со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока беше прво име кај каталонците, додека Фол натпреварот го заврши со 12 поени и три скока за гостите.

Се вчитува...