Фенербахче го преслуша Монако и е на чекор до Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 2-1 во четвртфиналната плеј-оф серија против Монако откако вечерва на домашен терен во натпреварот број три славеа со 89-78.

Во текот на целиот меч избраниците на Шарунас Јасикевичиус беа подобар противник на теренот, па на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до овој триумф.

Биберовиќ со 14 и Калатес со 13 поени беа први имиња кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Диало.

Четвртиот натпревар од серијата исто така во Истанбул е закажан за во четврток.

Се вчитува...