Фенербахче ја доби и ЦСКА Москва

Фенербахче славеше на гостувањето кај ЦСКА Москва со 83-89 во 21. коло од кошаркарската Евролига. Кошаркарите на турскиот тим во последно време играат како препородени и очигледно е надмината кризта од стартот на сезоната.

Одличен евролигашки натпревар кој во сите 40 минути беше во егал, а на крајот нијанси одлучија на страна на турскиот тим. Јан Весели со 24 и Нандо де Коло со 22 поени беа најдобри во таборот на победничкиот тим, додека кај поразените Шенгелија го заврши мечот со 18 поени.

Се вчитува...