Фенербахче ја „здроби“ Дарушафака во турската пресметка од Евролигата

Фенербахче тотално ја декласираше Дарушафака во турската пресметка од 23. коло во Евролигата победувајќи со убедливи 75-97.

Тимот на Жељко Обрадовиќ без никакви проблеми стигна до 20-та победа во најквалитетното европско клупско натпреварување дополнително зацврстувајќи се на врвот од табелата.

Најефикасни во победничкиот тим беа Гудуриќ и Али Мухамед со по 16 поени, а со 15 постигнати поени мечот го заврши Никола Калиниќ. Во поразениот состав се издвои единствено Мајкл Ерик со 14 поени и шест скока.

Се вчитува...