Фенербахче: Озил? Немаме ние пари за него

Турскиот фудбалски клуб Фенербахче ги демантираше гласините дека има намера да го доведе во своите редови Месут Озил.

„Месут Озил целата негова кариера ја претставува Турција во светот на најдобар можен начин. Сепак, немаме испратено никаква понуда. Гледајќи ја целата финансиска ситуација во која сме во моментов, ние како клуб немаме пари за Озил“, стои во соопштението од турскиот клуб. 

Озил во февруари минатата година потпиша нов тригодишен договор со Арсенал, со кој неделно заработува по 350.000 фунти со што е најплатен фудбалер на лондонскиот клуб.

Се вчитува...