Фенербахче потпиша со најдобриот косовски голгетер

Фенербахче го претстави првото засилување за наредната сезона, откако потпиша тригодишен договор со Ведат Муричи. Најдобриот косовски голгетер ги бранеше боите на Фенербахче во сезоната 2019-20 по што се пресели во Лацио, а Муричи од неколкуте понуди по заминувањето на Мајорка за избра токму онаа за камбек во Фенер.

Тој потпиша тригодишен договор со турскиот вицешампион, не криејќи го задоволството што станува дел од овој турски фудбалски гигант.

„Благодарен сум на претседателот и на луѓето од управата што ми укажаа доверба повторно да го облечам овој дрес. Ветувам дека никогаш нема да се откажам од борба бранејќи ги овие свети бои. Ако даде Бог, на крајот оваа авантура да ја завршиме и со титула“, истакна Муричи по потписот на договорот.

Се вчитува...