Фенербахче се прошета во Подгорица, Олимпијакос лесно со Гран Канарија

Фенербахче стигна и до 13-та победа во Евролигата сезонава лесно славејќи во 14. коло со убедливи 65-89 на гостувањето против Будуќност во Подгорица.

Турците насамиот почеток наметнаа доминација, иако домашните одржуваа ритам во првото полувреме кое заврши израмнето (40-40). Но, во вториот дел се се распадна за Црногорците. Тимот на Жељко Обрадовиќ одигра одлично и заслужено стигна до убедливата победа.

Најефикасен во редовите на Фенербахче беше Јан Весели со 19 поени дополнети и со девет скока, а Џефри Лаверњ постигна 17 поени. Кај домашните се издвои Кларк со 15 постигнати поени.

Олимпијакос пред своите навивачи без проблеми стигна до триумф од 98-77 против Гран Канарија.

Фенербахче со денешната победа се зацврсти на врвот од табелата со 13 победи и само еден пораз, а дојде до деветтата победа се петтото место на табелата.

Се вчитува...