Една од најголемите вести во сезоната беше збогувањето на Мохамед Салах од Ливерпул. Египќанецот потврди дека ќе ги напушти „црвените“ по девет сезони, безброј рекорди и бројни освоени титули. Тој ќе замине како слободен агент, бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2026 година, но сè уште не е јасно во која насока ќе се движи.
Сега има изненадувачка понуда. Турскиот гигант Фенербахче е подготвен да му понуди тригодишен договор со астрономска плата, открива турското издание „А Спорт“.
И покрај тоа што ја имаше најслабата сезона во Премиерлигата од неговото доаѓање во Ливерпул, сепак, продолжува да привлекува интерес од други клубови. Првите гласини кои се појавија дека ќе се сели во Саудиска Арабија, потоа дека има интерес и од клубови од МЛС, но, се чини, тој претпочита да остане во Европа, и понуда од Истанбул целосно би му одговарала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
