Фенербахче со пресврт не дозволи кикс против „фенерџијата“ во Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче ја запишаа и третата своја победа во четвртиот натпревар од Евролигата, триумфирајќи со пресврт против „фенерџијата“ АСВЕЛ Вилербан со 101-86.

Французите одлично го почнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 16-28, а на полувремето, пак, заминаа и со предност од 13 поени (42-55).

Но, во вториот дел одлична игра на турскиот тим кој не дозволи изненадување, па со целосен пресврт на крај стигна и до убедлива победа од 101-86.

Најефикасен во победата на Фенербахче беше Вилбекин со 18 поени а Биберовиќ заврши со 17 поени. На Вилербан не му помогна ниту одличната партија на Џексон кој мечот го заврши со 25 постигнати поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...