„Фенерџијата“ во италијанската Калчо-лига, тимот на Венеција се реши за тренерска смена врачувајќи му отказ на досегашниот шеф на стручниот штаб, Џовани Стропа.
Стропа ланската сезона ја внесе Венеција во Серија А, но овој тим почна катастрофална, синоќешниот пораз од Аталанта беше шести во низа, поради што Венеција е закована на дното на табеллата.
„Венеција објавува дека Џовани Стропа е разрешен од должноста како шеф на стручниот штаб. Му благодариме за работата, не заабораваме дека под негово водство успеавме да обезбедиме промоција во Серија А, но веруваме дека сега е моментот за промена за состојбата да тргне на подобро“, се вели во соопштението на Венеција.
Италијанските медиуми најавуваат дека Паоло Занети и Давиде Никола се двајцата стратези кои се фаворити во трката за наследник на Стропа.
Тој е четвртиот тренер во Серија А што добива отказ од стартот на сзонава, по Фабио Гросо (Фиорентина), Доменико Тедеско (Болоња) и Карлос Куеста (Парма).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
