Фени Индустри се засили со Американецот Алекс Марзет

Фени Индустри за новата сезона се засили со американскиот кошаркар Алекс Вашингтон Марзет, чиј последен клуб е српскиот Нови Пазар.

26-годишниот Марзет, висок 196 сантиметри, игра на плејмејкерската позиција. Кариерата ја почнал во колеџ-тимот на Лејк Каунти од САД, потоа бил дел од Висконсин а по преселбата на европскиот континент прв клуб за него е српскиот ФМП од каде потоа продолжува во Нови Пазар.

Се вчитува...